Хартс по една сезона, повторно се враќа во шкотската Премиер лига. Клубот од Единбург испадна летоска, откако клубовите изгласаа за позициите на табелата да одлучува просекот на освоени бодови до моментот на прекинот на сезоната поради корона-вирусот. Жртва на таквиот начин на пресметка беше Хартс и тие ова испаѓање го доживеаја како голема неправда кон нив.
Хартс доминираше во втората лига, осигури враќање во елитата, а по мечот со Инвернес, ја имаа една од најчудните прослави на титула. Тие на некој начин бојкотираа и не се ни радуваа како што треба. Капитенот Стивен Најсмит на кратко го крена пехарот и толку.
Погледнете:
https://twitter.com/i/status/1385994500376518657