Ајтана Бонматри е фудбалерката која ја освои Златната топка за 2023 година, а сега ја продолжи верноста со Барселона, и тоа до 2028 година. Бонматри потекнува од школата на Барселона, од која е дел од својата 11-та година.
„Барселона и Бонматри постигнаа согласност за продолжување на договорот, и тоа до јуни 2028 година“, стои во соопштението од каталонскиот гигант.
Со овој договор, Бонматри ќе стане најскапоплатената фудбалерка во светот. Таа е ѕвезда на женскиот фудбал. Во кариерата досега има освоено 23 големи трофеи, меѓу кои се и пет шампионски трофеи во домашното првенство со Барселона, три титули во Лигата на шампионите со каталонскиот гигант, како и Светското првенство и Лигата на нациите со Шпанија.