Освојувачот на Купот на Италија ќе добие 7 милиони евра

Клубот којшто ќе го освои фудбалскиот Куп на Италија сезонава ќе заработи околу 7 милиони евра, што не е сума за потценување.

Самиот пласман во финалето носи 3 милиони евра, а плус тука се парите и за победа во 16-финале, осминафинале, четвртфинале и полуфинале.

Победникот во финалето ќе земе дополнителни 4,5 милиони евра, а поразениот „утешни“ 2 милиони.

- Оглас -

Најнови вести