Шампионската генерација на Лестер ја испиша една од најубавите фудбалски приказни во последните десетина години откако овој клуб ја освои титулата во Премиер лигата.
Еден од хероите на Лестер во шампионската сезона беше Шинџи Оказаки. Некогашниот јапонски репрезентативец се повлече од активното играње минатото лето и се посвети на новите предизвици. Оказаки сега е тренер на Басаре Мајнц, јапонски клуб кој е формиран во Германија.
Идејата за Басаре Мајнц започнала во 2013 година, кога Оказаки од Штутгарт направи трансфер во Мајнц. Тогаш, во соработка со тогашниот претседател на клубот, Такаши Јамашито, одлучуваат да формираат клуб кој ќе им даде шанса на младите јапонски фудбалери.
Планот брзо се преточи во реализација, а клубот Басаре Мајнц започна од 11-тата лига во Германија. Басаре Мајнц во првите пет сезони напредуваше пет ранга и сега е дел од шестата лига. По 19 одиграни средби во ова првенство има освоено 31 бод и е на седмото место на табелата. Оказаки верува дека овој клуб прави добро за развој како на германскиот така и на јапонскиот фудбал