22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Освојувачот на САД Опен од 2009 година се појави во Њујорк, изгледа како вистински џин (Видео)

Прославениот аргентински тенисер Хуан Мартин дел Потро се врати на местото на кое го направи најголемиот успех во својата кариера. Во 2009 година, Дел Потро го освои својот прв и единствен гренд-слем трофеј, на Отвореното првенство на САД.

Дел Потро кој има освоено вкупно 22 АТП титули, е еден од омилените тенисери во Њујорк, а го има прекарот Џинот од Тандил. Покрај тоа што е висок речиси два метри, Дел Потро сега има ставено некое кило плус и буквално делува како џин.

Аргентинецот заедно со Жоао Фонсека играше против Енди Родик и Алекс Мишелсен во двојки на мечо кој беше за да ја забавува публиката во Њујорк. беа на спротивната страна.

За разлика од Дел Потро кој има додадено повеќе килограми на својата тежина, Енди Родик изгледа како да може уште утре да се врати на тенисот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by US Open (@usopen)

- Оглас -

Најнови вести