Еден од ретките фубалери кои доаѓаат од источна Европа, а може да се пофалат со освојување на Златната топка е Игор Беланов. Роден во Одеса, Украина, Беланов имаше блескави мечеви во дресот на Динамо Киев, па заслужено во 1986 година тој ја освои Златната топка, која се доделува на најдобриот фудбалер во светот. Две години подоцна, Беланов доби признание и за најдобар фудбалер во Европа, во изборот на УЕФА, што само потврдува каков играч беше Украинецот.
Сега, 35 години по славните моменти за Беланов на фудбалскиот терен, тој реши повторно да излезе на терен, но овојпат на военото поле. Иако има 61 година, Беланов се пријавил и веќе е дел од украинската војска која се брани од руските напади.
Мариупољ, градот во којшто Беланов ја заврши играчката кариера, е еден од најразрушените во нападите, а не е поштеден ни родниот град на фудбалерот, Одеса.