Освојување на Ајфонот беше на дофат, но вредносните ваучери не избегаа

Зоран Д. и Томислав Ј. си заработија вредносни ваучери од по 500 денари во Sport Life благодарение на нивното одлично типување во 32. коло на Спортска прогноза. Овие двајца прогнозери имаа по 11 погодоци и до13-те парови кои беа во понудата.

Малку фалеше Зоран или Томислав да стигнат и до Среќна 13-ка, но два меча беа „кобни“ за да немаат перфектен учинок кој ќе ги доведеше до освојување на мобилен телефон Ајфон 12.

Зоран киксираше на два меча од вчерашната понуда на Бундеслигата. Бохум-Аугсбург типувал нерешено, а гостите победија со 2:0, додека Херта на свој терен со 2:0 го победи Штутгарт, а прогнозата било триумф на гостите.

И Томислав има еден кикс на бунделигашни дуел, но тоа е на Ајнтрахт Франкфурт – Хофенхајм. Прогнозата било „кец“, а мечот заврши 2:2 затоа што гостите погодија во 78 минута за реми. Вториот кикс на Томислав е финалето од Купот во Шпанија меѓу Бетис и Валенсија. Тој прогнозирал победа на Бетис, а по 90 минути беше 1:1. Нерешено беше и по 120 минути, а бетис победи, но дури по изведување на пенали.

Во ова коло имаше и шест 10-ки кои беа на чекор од освојување на вредносни ваучери, што е само доказ дека со добри прогнози, подароците од Sport Life се на дофат.

Паровите од новото коло на Спортска прогноза ќе бидат познати утре.

 

- Оглас -

Најнови вести