Отаменди на грбот си ги истетовира омилените ликови од ТВ-серии

Фудбалерот на Манчестер сити, Николас Отаменди, познат е како голем љубител на тетоважите, првата ја направи кога имаше само 14 години, а Аргентинецот сега отиде на друго ниво и на грбот има ликови на актери кои глумат во неговите омилени серии.

По мечот на Сити со Аталанта во Милано, Отаменди го соблече дресот и фоторепортерите имаа што да забележат. На грбот на Отаменди го има глумецот Брајан Кранстон од серијата „Брејкинг бед“, а покрај него, место си најде и Силијан Марфи од популарната серија „Пики блајндерс“. Отаменди сака и историја, па има тетоважа и од лик од серијата „Викинзи“.

По телото има тетоважи и од други личности кои му значат, а тоа се брат му, децата и дедо му.

- Оглас -

Најнови вести