Николас Отаменди објави интересни фотографии од тренингот на Аргентина денеска и се пофали со присуство на една од најголемите легенди на Гаучосите.
Кун Агуеро дојде во тренинг-кампот на Аргентинците и тренираше со фудбалерите кои се подготвуваат за големото финале на Мундијалот во Катар против Франција во недела од 16 часот.
„Имаме големо засилување, Кун Агуеро. Уште е велемајстор за фудбал и даде прекрасен гол“, се пофали стоперот на Аргентинците.
Секако, третиот стрелец во историјата на аргентинската репрезентација дојде само да ги посети своите сонародници и да им посака среќа во финалето.
Кун со 41 гол е трет стрелец на Аргентина на вечната листа, зад Лео Меси со 96 и Габриел Батистута со 56 погодоци.
Во Катар од самиот почеток на Мундијалот како поддршка од трибините е и Габриел Батистута.