Очигледно дека немаше противнички играч со кого Винисиус јуниор не влезе во вербална расправија или некаков друг вид конфликт. Едноставно, Бразилецот, кој е познат по својот темперамент, синоќа во Бенфика беше во „полн елемент“. Даде фантастичен гол за победа на Реал, но провоцираше на сите страни, а посебно интересен беше „одговорот“ што го доби од Николас Отаменди.
Се играше судиското продолжение кога Винисиус упатил провокација кон Отаменди со зборовите „јас имам две титули во Лигата на шампионите“. Тогаш Аргентинецот не му остана должен на Бразилецот и го поткрена дресот покажувајќи му ја тетоважата на телото што ја има со пехарот од освоеното Светско првенство, велејќи му: „Јас имам титула од Светско првенство“.
Vinicius: “Tengo dos Champions”
Otamendi se levanta la camiseta y le dice: “Yo tengo un Mundial”
¡BOOOOM! pic.twitter.com/k0P1GyQxKF
— -1899- (@_Futbolero_) February 17, 2026

