Мрежичките на Бруклин ќе бидат тесни за момците од главниот град на САД

8526 Орландо меџик – Атланта хоукс (НБА, 01 часот)

Сензационалниот дебитант и прв пик на драфтот, Паоло Банкеро, се врати во редовите на Орландо, но и тоа не носи магичен пресврт, па Меџик се во серија од пет порази и паднаа на претпоследното место во Источната конференција.

Ниту Атланта не е во добра форма и има три порази во низа, но има подобар тим.

Ги предводи Тре Јанг, тука се и Капела, Колинс, Мареј и Хантер во една од најдобрите петорки во Лигата.

Хоукс се малку тенки со квалитетни резерви, а повреден им е Богдан Богдановиќ, кој е опасен шутер, но и вака се поквалитетни од Орландо.

Предлог тип: 2 (1.53)

 

8531 Детроит редвингс – Бафало сејбрс (НХЛ, 01 часот)

Детроит минатата ноќ прекина убава серија од четири победи и најавува старт на нова успешна низа.

Редвингс по долг период се конкурентни и очекуваат да играат во плејофот за титулата.

Слична е ситуацијата и кај Бафало, екипа што исто така долго пости со настап во доигрување за титулата, па и тие очекуваат подвиг и продолжена сезона.

Двете екипи даваат и примаат многу голови, па типуваме дека ќе ги има најмалку шест ноќеска во арената „Литл Цезар“ во Детроит.

Предлог тип: >5.5 гола (1.55)

 

8532 Отава сенаторс – Њујорк ренџерс (НХЛ, 01 часот)

Њујорк ренџерс е еден од фаворитите од сенка за титулата во НХЛ, но влезе во лош ритам и со три порази по ред падна на деветтото место во Источната конференција.

Ренџерс имаат одличен тим, што е спој на младост и искуство и очекува плејоф и тоа сигурен, а потоа и атак на титулата.

Сенаторите и сезонава се скромни и како тргнало, тешко дека ќе дојдат до настап во доигрувањето, иако е рано.

Интересно е што тие, за разлика од Њујорк ,се во спротивен тренд и врзаа две победи по ред.

Можеби и двојката е добра опција, но поради формата на екипите ќе одиграме дека ќе има повеќе од пет гола.

Предлог тип: >5.5 гола (1.55)

 

8528 Бруклин нетс – Вашингтон визардс (НБА, 01.30 часот)

Двете екипи имаат врвни кошаркари, и тоа по неколку и се очекува одличен меч.

Кевин Дурант, Кајри Ирвинг и Бен Симонс се триото главни адути на Мрежичките од Бруклин, кои играат подобро откако на паркетот се врати Ирвинг.

Дуранатула е во топ-форма, а и Симонс полека, но сигурно се прилагодува на тимот и игра подобро, па се очекува победа на Бруклин, иако и Вашингтон има силни адути во Порѕингис, Бил, Кузма…

Предлог тип: 1 (1.51)

 

8673 Минесота тимбервулфс – Мемфис гризлис (НБА, 02 часот)

Двете екипи се машини за кошеви и играат ултрабрза и ефикасна кошарка. Хендикеп за Минесота ќе биде отсуството на првата ѕвезда во тимот, Карл-Ентони Таунс, кој се повреди и нема да игра.

Сепак, тука се топ-кошаркари од калибарот на Едвардс, Гобер, Расел…

Минесота има три порази по ред и ќе сака да победи и без Таунс.

Мемфис има млад и многу перспективен тим што го предводи опасниот бек Џа Морант, кој игра прекрасно.

Проблем им е повредата на Бејн, а отсутен е и Дени Грин.

Границата е висока, за плус требаат минимум 232 поени, но е достижна за две суперефикасни екипи.

Предлог тип: >231.5 поени (1.94) 

 

- Оглас -

Најнови вести