Отиде топката во гол-аут и арапскиот коментатор стана хит со рафална стрелба од зборови (Видео)

Мароко предизвика вистински фудбалски земјотрес со елиминацијата на Португалија и првиот пласман во полуфинале на Мундијалите, а беше интересно да се слушне реакцијата на темпераментните арапски коментатори во финишот на мечот кога вриеше и крвта и температура од возбуда.

Во втората од предвидените 8 минути продолжение, една топка наменета за Бруно Фернандеш замина во гол-аут што значеше спас за Мароко, селекција која во тој момент водеше со 1:0 и потоа и победи со истиот резултат.

Коментаторот од радост почна со рафална стрелба со зборови и стана хит. Набрзина измеша и Господ и Алах и радост и страв за пласманот на Мароко во полуфиналето.

Arab commentator when the ball was too long for Bruno from soccer

Мароко е и првата африканска селекција што ќе игра полуфинале на Светско првенство, а ривал во среда од 20 часот ќе му биде актуелниот светски првак Франција.

Задутре исто така од 20 часот во првото полуфинале ќе играат Хрватска и Аргентина.

 

 

- Оглас -

Најнови вести