Бенжамен Менди (29) подготвува тужба против англискиот и европски шампион Манчестер сити, со која бара да му се исплатат сите плати кои не ги добил додека беше во притвори и на судење поради обвинувањата за силување.
„Лекип“ пишува дека Менди пред да ја поднесе тужбата, прво ќе седне на маса со челниците на Манчестер сити во обид да се најде договор за начинот на исплата на платите, а доколку не дојде до тоа, тогаш ќе поднесе тужба.
Менди неодамна беше ослободен од обвинувањата за засилување и потоа потпиша за францускиот прволигаш Лориен.
Последниот официјален натпревар за Манчестер сити го одигра во август 2021 година, а договорот со англискиот тим му истече пред два месеца.