Откако дојде Клоп во Ливерпул, вредностан на клубот се зголеми 500%!

Јирген Клоп дефинитивно е клучот за успех на Ливерпул. Германскиот стратег дојде на клупата на „Енфилд роуд“ во 2015 година и по повеќе од четири години работа, успеа да создаде екипа која е на тронот на клупскиот фудбал во Европа и светот.

Ливерпул е актуелен освојувач на Лигата на шампиони, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство. Тимот го има и најдобриот старт во историјата на англискиот фудбал и моментно е убедлив лидер во Премиер лигата со 20 победи и смао едно реми по 21 одигран меч. Второпласираниот Манчестер Сити заостанува 14 бодови и има меч повеќе, што е добра најава дека Ливерпул сезонава конечно ќе го оствари сонот, а тоа е титула во првенството. Гигантот од „Енфилд роуд“ цели 30 години не бил шампион на Англија.

Со успесите на теренот, Ливерпул добива и успеси на финансиски план. Според листата на „Форбс“, вредноста на Ливерпул во овој момент е 1,86 милијарди фунти. Колку за споредба, Ливерпул во 2015 година, пред доаѓањето на Клоп за тренер, вредел само 360 милиони фунти. Тоа значи дека откако е Клоп назначен за тренер, вредноста на Ливерпул е зголемена за 500 отсто.

 

- Оглас -

Најнови вести