Откако Фенербахче го напушти теренот, играчите на Галатасарај се одлучија на необиен потег

Скандалозно заврши финалето од Суперкупот на Турција, откако мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај траеше само една минута. Уште во првиот напад, фудбалерите на Галатасарај преку Мауро Икарди постигнаа гол за 1:0, а кога требаше играчите на Фенербахче да изведат од средината на игралиштето, тие решија да го напуштат теренот.

Откако противниците си заминаа од теренот, од таборот на Галатасарај имаа подготвено алтернативно решение. Сакајќи да ги испочитуваат своите навивачи кои беа дојдени на трибините, фудбалерите на Галатасарај се поделија во два тима и сами меѓу себе решија да одиграат натпревар.

Тоа всушност беше меѓу првиот тим на Галатасарај и резервите.

- Оглас -

Најнови вести