Го загубија финалето во Купот, а потоа Де Бројне му зададе уште еден нокаут на Манчестер сити

Манчестер сити остана со празни раце и во ФА Купот, откако во финалето со 1:0 загуби од Кристал Палас. Сезоната на Сити ќе заврши без трофеј, а јасно е дека ќе остане и без еден од играчите кои ги одбележаа изминативе 10 години.

Кевин де Бројне си заминува и тоа како слободен играч. Се најавуваше дека Де Бројне ќе замине да игра во некој клуб во САД или во Саудиска Арабија, но сега се поверојатно е дека ќе остане не само во Европа, туку и во Англија. Белгиецот најави дека сака да игр анекаде каде што ќе може да го даде максимумот.

„Сакам да играм добар фудбал, каква и да е мојата одлука. Знам дека се обидувате да погодите каде одам, но ќе знаете кога јас ќе знам. Не знам дали ќе останам во Премиер лигата, зависи од понудата, а како што им кажав на Белгијците – имам и семејство и зависи од нив. Имам деца за кои сакам да се грижам, па тоа е одлука што ќе ни одговара на сите нас, не само мене“, вели Де Бројне.

Белгиецот потоа беше запрашан дали е можно кариерата да ја продолжи во некој од ривалите во Премиер лигата, а фудбалерот ги остави сите опции отворени, одговарајќи „можно е“. Ливерпул е клубот кој се споменува како следна дестинација на Де Бројне, што секако би било нов удар за Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести