Откако Граѓаните го растурија Арсенал, Пеп испрати поддршка до својот колега

Актуелниот англиски првак Манчестер сити, попладнево немаше милост кон Арсенал во убедливата победа од 5-0, што за Топчиите значеше нов дебакл откако почна сезона во Премиер лигата и цементирање на последното место на табелата.

Иако ситуацијатаво клубот од северен Лондон воопшто не се добра, Гвардиола смета дека на неговиот колега Микел Артета треба да му се даде време и поддршка за да ги смени работите на подобро.

„Сè што можам да кажам е дека работев со него скоро три години, тој еден од ретките од кого можев да научам нешто ново. Артета е повеќе од адекватен менаџер за таа екипа. Го има потребниот карактер и лидерство во него. Тимот на кој денес Микел се потпре не беше целосен, поради повреди отсутни му беа седум или осум важни играчи. Прилично сум сигурен дека доколку клубот му ја даде потребната доверба, Артета ќе може да ја извршува задачата како што се очекува од него“, посочи Гвардиола по големата победа.

- Оглас -

Најнови вести