Откако ќе ја заврши сезоната во НБА, Финецот наместо да одмора – ќе оди во војска

Кошаркарот на Јута џез и на финската репрезентација, Лаури Марканен, наместо да одмора и да се подготвува за следната сезона, во сопствената земја ќе го отслужи воениот рок.

Марканен својата должност ќе ја исполни во специјална единица во која служат само професионални спортисти.

Тој воената униформа ќе ја задолжи или кон средина на месецов или во јули, по завршување на сезоната во НБА-лигата.

„За него како Финец е важно да ја исполни својата граѓанска должност и да нема никаков привилегиран статус само затоа што е познат спортист“, изјави неговиот агент за медиумите во САД.

Воениот рок е задолжителен за сите машки државјани на Финска и тој мора да биде отслужен пред 30-тата година.

Јута џез досега одигра 79 натпревари во регуларниот дел од сезоната и има учинок од 36 победи и 43 порази и се наоѓа на 12-тото место во Западната конференција, со шанси да обезбеди пласман во плејин-турнирот.

- Оглас -

Најнови вести