Откако на првиот меч делуваше како „изгубен“, првиот пик на драфтот сега блесна (Видео)

Францускиот центар Виктор Вембањама полека се прилагодува на НБА-условите на кошаркарскиот терен. Талентираниот 226 сантиметри висок центар во првиот меч од летната сезона делуваше „изгубено“ и самиот призна дека не знаел што прави на теренот.

Сепак, дека сепак во него има голем потенцијал, Вембањама покажа со играта на вториот дуел во дресот на Сан Антонио. На дуелот против Портланд, центарот постигна 27 поени, а имаше и 12 скока и три блокади, но неговите Спарси загубија со 85:80.

 

- Оглас -

Најнови вести