Откако остана без медал, Србија останува и без селектор

По пет години поминати на селекторското место на српската репрезентација, Александар Ѓорѓевиќ реши дека е доста. Стратегот најави дека дуелот против Чешка беше последен за него како предводник на националниот тим. Србија го освои петото место на Мундобаскетот, што се смета за неуспех, бидејќи пред почетокот на турнирот, оваа селекција беше една од главните претенденти за златото.

„Точно е тоа дека си заминувам. Тоа им го реков и на повеќето играчи. Мислам дека сега е и време и место за тоа. Знам кога човек и тренер треба да направи голем чекор, а тоа е сега. Уште пред почетокот на Мундобаскетот одлучив да си заминам по овој турнир“, рече Ѓорѓевиќ.

Утре се игра финалето на Светското првенство, а за златото ќе се борат Аргентина и Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести