Барселона уште еднаш ги разочара своите навивачи на „Камп Ноу“ откако одигра само 1:1 против Алавес. Разочараните навивачи со свирежи ги испратија домашните фанови, а освен разочарувањето поради играта, фановите во еден момент беа загрижени и за здравјето на Серхио Агуеро.
Аргентинскиот напаѓач во еден момент пред крајот на првото полувреме застана и се фати за градите. Агуеро се пожали дека не може да дише и потоа падна на тревата. Лекарите брзо реагираа и го изнесоа од теренот.
Првичните информации се дека Агуеро е пренесен во болница на понатамошни тестирања