Српскиот напаѓач Александар Митровиќ вечерва му донесе победа на Фулам со која лондонскиот тим се искачи на седмата позиција на табелата во Премиер лигата.
Фулам е во битка за излез на европската сцена, а најголемата заслуга е кај Митровиќ, кој има 11 гола сезонава и тоа му е изедначување на личниот рекорд во Премиер лигата. Сезоната е на половина, па јасно е дека Митровиќ ќе постави свој рекорд.
Откако потпиша за Фулам во 2018 година, Митровиќ има дадено 106 лигашки голови (се сметаат и тие во Чемпионшип) и со тоа го дели првото место со Мохамед Салах по бројот на голови во овој период. Ниту еден фудбалер нема повеќе лигашки голови од нив во првите четири лиги во Англија (Премиер, Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2).