Откако се степа со Левандовски на тренинг, Коман „збесна“ и на теренот

Кингски Коман заедно со Роберт Левандовски беа главна тема во Германија во претходниве неколку дена, откако тие двајца се степаа на тренинг. Левандовски бил лут бидејќи францускиот интернационалец не бил доволно сериозен на тренинзите, па откако тоа му го кажал, започнала вербална, а потоа и физичка пресметка меѓу овие двајца.

На крајот, тренерот на Баерн, Нико Ковач реши дека нема да ги казни фудбалерите и тие се најдоа во стартниот состав на дуелот против Фортуна Дизелдорф. Коман покажа дека потегот на тренерот Ковач е исправен, па даде два гола во првото полувреме и ја најави победата на Баерн.

Гостите поведоа со 1:0 во 15 минута, а Серж Гнабри асистираше за погодок на Коман. Вториот гол на Коман беше по асистенција на Кимих и уште тогаш беше јасно дека трите бода ќе заминат заедно со гостите. Одличната форма на Гнабри беше потврдена и со гол на овој играч. Тој активно учествуваше во постигнување на седум погодоци на Баерн во последните пет меча.

До крајот на средбата, Фортуна даде почесен гол, но Баерн веднаш возврати со уште еден погодок во 92 минута. Сега Баерн има 67 бодови, еден повеќе од Борусија Дортмунд, по 29 кола во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести