24.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Откако си замина од Реал, Роналдо нема помирисано ниту полуфинале во ЛШ

Кристијано Роналдо за првпат во кариерата три сезони по ред е елиминиран во Лигата на шампионите уште во осминафиналето.

Најдобриот стрелец и играч со најмногу одиграни минути во ова натпреварување има пет титули во ЛШ, последната во 2018 година, кога играше за Реал Мадрид. Оттогаш наваму, Роналдо еднаш испадна во четвртфинале, а потоа три сезони по ред во осминафинале.

За споредба, во дресот на Реал, во своите последни осум сезони имаше осум полуфиналиња по ред и освои четири титули.

Роналдо вечерва потфрли. Иако играше против една од неговите омилени жртви, Португалецот не се прослави. Само по трет пат во кариерата на меч во ЛШ не успеа да упати ниту еден шут за 90 минути игра. Последен пат толку слабо издание имал во 2011 година.

- Оглас -

Најнови вести