Лионел Меси на 30 јуни го одработи и последниот ден од договорот што го имаше со Барселона, а веќе на 1 јули стана слободен играч. Тоа значи дека Аргентинецот моментно е без клуб и секој оној што мисли дека има шанси да му даде најдобри услови, може да го доведе Меси без никакво обештетување.
Освен опцијата за останување во Барселона, за Меси постои можност да го болеже дресот на Пари Сен Жермен во Франција или англискиот првак Манчестер сити. Во периодов кога е без клуб, францускиот весник „Лекип“ открива дека Меси дневно губи по 100.000 евра. Тоа значи дека во досегашните 10 дена како слободен играч, Лео веќе има милионска загуба.
Sans club depuis la fin de son contrat avec le FC Barcelone, le 30 juin à minuit, Lionel Messi perd en théorie quelque 100 000 euros par jour https://t.co/z72KwTHWIM pic.twitter.com/1WyxNKFc7X
— L’ÉQUIPE (@lequipe) July 9, 2021
Меси моментно е фокусиран на Аргентина бидејќи со репрезентацијата ноќеска го очекува финале од Копа Америка против домаќинот Бразил. Меси со Гаучосите се нема израдувано на ниту еден трофеј од големо натпреварување, што значи дека овој меч против Бразил ќе биде навистина посебен.