Натпреварот помеѓу Италија и Канада кој требаше да се игра вечерва на Светското првенство во ватерполо во Шопрон, Унгарија, е откажан.
Во канадскиот тим имало тројца членови кои се позитивни на корона-вирус. Правилата на ФИНА се дека ако има повеќе од двајца заразени во еден тим, средбата не може да се одигра и следува дисквалификација.
Канада во првото коло загуби од Шпанија со 2-19. Опциите за дуелот со Италија се или службена победа за Италијанците или преигрување во некој друг термин.