Хашмин Муса, фудбалерот којшто пред повеќе од седум месеци си постигна два автогола со цел да го расипе договорениот резултат, доби шестмесечна суспензија.
Тогашниот играч на Интер алиес од Гана си даде два автогола во поразот на неговиот тим од 7:0 од Ашанти Голд.
„По натпреварот мојот тим ме прекори поради тоа што си ги постигнав двата погодоци. Слушнав дека требало да заврши 5:1, но со моите автоголови во последните 12 минути им го расипав планот. Јас не се обложувам, а ова сметам дека е голем скандал што го направи мојот тим“, изјави Муса.
Тој доби шестмесечна суспензија од Фудбалската федерација на Гана, а останува непознато дали ќе продолжи да се занимава со фудбалот по сето ова. Погледнете ги двата автогола којшто тој си ги постигна и коишто станаа вирални на интернет.
The craziest own goals ever in the history of football.
Ashgold 7 vs 0 Inter Allies. Ghana Premier League smh. pic.twitter.com/bM2LSc7fC9
— Saddick Adams (@SaddickAdams) July 19, 2021