Откриен главниот фаворит за освојување на Златната топка

Голгетерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, се истакна како прв фаворит за освојување на Златната топка за оваа година, пишува весникот „Л’Екип“. Најпрестижната индивидуална награда во фудбалот се доделува на крајот од годината, а иако сега помина само една четвртина од 2022 година, Бензема се издвои со своите игри.

Бензема е главен играч во Реал Мадрид, тим кој е лидер во шпанското првенство, а вечерва треба да го потврди и пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите. Токму Бензема е најзаслужен што Кралевите победуваат во елитната лига на УЕФА. Во дуелот против ПСЖ, Бензема даде хет-трик, а потоа го повтори истиот ефект и на гостувањето во Лондон кај Челзи.

Освен Бензема, во листата на фаворити за освојување на Златната топка се и Роберт Левандовски, Килијан Мбапе, Садио Мане и Кевин де Бројне.

- Оглас -

Најнови вести