Најголемата фудбалска тинејџерска ѕвезда Ламин Јамал (18) се соочува со сериозен здравствен проблем. На младиот шпански фудбалер му е дијагностицирана пубалгија, хронична повреда на препоните што би можела да влијае на остатокот од неговата кариера.
Од своето деби во сениорскиот фудбал, Јамал се етаблираше како еден од најдобрите фудбалери во светот. Играјќи за Барселона, тој редовно импресионира, а неговите настапи придонесоа и за освојувањето на титулата на Шпанија на Европското првенство, кое е фаворит и за светското злато следната година.
На последните неколку натпревари било забележано како Јамал прави разни гримаси на лицето за време на натпреварите, а причината е токму овој медицински проблем.
Иако Барселона официјално не ја објави неговата здравствена состојба, весникот Спорт тврди дека на тинејџерот му е дијагностицирана пубалгија, хронична повреда на препоните што предизвикува постојана болка во пубичната област. Тоа е состојба што не е повреда на мускулот и никогаш не може целосно да се излечи.
„Прво на сите, мора да кажеме дека пубалгијата не е повреда на мускулот, туку промена во пубичната област, каде што се спојуваат различни мускули. Не можеме да кажеме дека тоа е повреда што ќе исчезне за еден месец. Не, тој ќе мора да живее со тоа и ние ќе мора да направиме превентивна и компензаторна работа за да му дадеме гаранции дека ќе може да игра на највисоко ниво – изјави докторот Луис Пуиг за Каталонскиот спорт.
Пуиг додаде дека овој проблем веројатно е предизвикан од голем број фактори, вклучувајќи промени во држењето на телото и мускулната структура за време на растот. Спортскиот трауматолог д-р Рипол, во интервју за Ел Ларгеро, објасни како пубалгијата влијае на способностите на Јамал на теренот.
„Станува збор за повреда која, искрено, е тешка за лекување. Се карактеризира со болка која ја намалува способноста на играчот да се движи и да шутира за речиси 50 проценти, што е токму она што го видовме во Ел Класико“, рече доктор Рипол.

