Двајца германски државјани во средата биле уапсени на Ибица, од кои еден е фудбалерот на Штутгарт, Атакан Каразор, по обвинение за сексуално насилство врз 18-годишна девојка.
Како што известуваат странските медиуми, девојката претрпела повреди на телото по што веднаш го пријавила случајот во полиција.
Во меѓувреме од таборот на Штутгарт се огласија дека нивниот играч е задржан во полициска станица додека трае случајот, и се во постојан контакт со адвокатот на Каразор. Фудбалерот ги демантира обвиненијата дека се работи за силување.
https://twitter.com/VfB/status/1535636066631397377