За време на кошаркарскиот натпревар помеѓу Србија и САД, меѓу српските фанови на трибините можеше да се забележи и еден необичен фан, човек облечен во дрес на хрватската репрезентација.
„Братство и единство? Се разбира. Живеам во Кина и дојдов да го гледам натпреварот. Инаку, од Сплит сум“, рекол човекот со хрватскиот дрес кој немаше проблем да се слика со Србите кои држеа српски и кинески знамиња.
Ова предизвика различни коментари во хрватската јавност, а зачуденост кај многумина Срби кои беа на трибините во салата и, секако, на милиони крај малите екрани. Дополнителен шок е што станува збор за сплиќанец, од градот во кој Србите и 20-тина години по крајот на војната не се баш омилени и добредојдени.