Реал Мадрид не дозволи нов шок во Лигата на шампиони и овојпат победи на свој терен против Борусија Дортмунд. Овој дуел беше реприза од последното финале во Лигата на шампиони, а Реал славеше убедливо со 5:2 на „Сантијаго Бернабеу“.
Победата на Реал има посебно значење затоа што Кралскиот клуб губеше со 0:2 на полувреме, но со фуриозна игра во второто полувреме стигна до убедлива победа. Многумина се чудеа како Реал направи трансформација за само 10-15 минути, а Винисиус јуниор откри кои совети ги добил Анчелоти.
„Најважно е тоа што веруваме во себе. На нашиот стадион, пред начите навивачи, се е можно“, рече Винисиус, кој додаде кој совет го добиле од тренерот Карло Анчелоти пред почетокот од вториот дел.
„На полувреме губевме со два разлика, а кога влеговме во соблекувалната се беше тивко. Потоа во еден момент, во соблекувална влезе тренерот Анчелоти. Тој веднаш започна да ги бодри и ни кажа дека ако брзо дадеме гол, ќе следува и втор погодок за брзо време“, вели Винисиус.
Очигледно дека италијанскиот стратег многу добро знаел што зборува, па Реал во вторите 45 минути постигна дури пет голови.
„На поливремето реков дека мора да дадеме барем три гола. Можеби звучеше како утопија, но разговаравме, потенцирав дека треба да ги освојуваме дуелите, да започнеме од малите работи. Моравме да ја промениме динамиката за да победиме“, рече Анчелоти.