Откриена бизарната причина зошто Алосно се откажа во првата трка

Трката за Големата награда на Бахреин заврши во полза на Луис Хамилтон, кој тргна триумфално во одбрана на светската титула. За разлика од него, изминатиов викенд Фернандо Алонсо не се прослави на првата овозесонска трка од новата сезона во Формула 1.

Имено, Алонсо во својот камбек во најбрзиот светски циркус мораше да се откаже во вториот дел од трката по препорака на неговиот тим, откако било забележано прегревање на задните кочници. Проблемите со болидот на тимот на Алпина се појавија по второто влегување на Алонсо во боксот, по што е откриена причината.

„Имавме проблеми со болидот по второто застанување во боксот бидејќи нешто беше заглавено во елементите за ладење на задните кочици. Се покажа дека се заглавила фолија од сендвич, поради што бевме принудени да го повлечеме Алонсо од трката“, изјавија од таборот на Алпина.

Наводно, на еден од механичарите случајно му заглавила фолијата од сендвичот во болидот на шпанскиот возач, по што Алонсо застана по 32 круга во Бахреин.

 

- Оглас -

Најнови вести