Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во историјата на најпопуларниот спорт во светот. Освен за репрезентацијата на Португалија, во својата кариера настапуваше и за Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и Ал-Хилал, но секогаш на терен влегуваше со десната нога.
Многумина се прашуваа зошто е тоа така, а Португалката Жесика Андреас објасни дека се работи за суеверие кое е дел од португалската култура.
„Имаме поговорка која вели ‘влези со десната нога’. Тоа е вообичаено и за земјите како што се Шпанија, Индија, Индонезија, Италија, Грција, Бразил, Русија …“, вели таа.