22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Откриена нова измама на Сити околу некогашен талент

Новинарот Дејвид Орстејн од британскиот лист „Атлетик“ тврди дека Манчестер сити повторно е под истрага околу измама со некогашен талент.

Граѓаните лажирале дека таткото на Габриел Фернандо Алмеида е вработен како скаут во клубот и секој месец добивал по 1.000 фунти плата иако воопшто не ја вршел функцијата, а тоа било начин да се придобие потписот на сега веќе заборавениот фудбалер кој игра во аматерските лиги во Англија.

Измамата била во тек од септември 2011 до јуни 2012 година, кога од бразилскиот талент се очекувало да го искористи својот потенцијал на „Етихад“, меѓутоа кариерата на Алмеида фати сосема спротивен тек.

По тврдењата на Орстејн се очекува реакција од Манчестер сити, но и бурно ќе се следи ситуацијата доколку истрагата покаже дека клубот на нерегуларен начин дејствувал на пазарот.

Минатата година Сити се спаси од двегодишна суспензија во УЕФА-натпреварувањата откако беше утврдено непочитување на правилата околу финансискиот ферплеј.

- Оглас -

Најнови вести