Фудбалската репрезентација на Јужна Кореја доживеа шокантна елиминација во полуфиналето на Азискиот куп од Јордан (0:2), а сега во јавноста излезе валканата облека, со што е откриена причината за дебаклот.
Фудбалската федерација на Јужна Кореја ги потврди пишувањата на англиските медиуми дека за време на Азискиот куп, кој се одржа во Катар, дошло до тепачка помеѓу првата ѕвезда на репрезентацијата, Хонг-мин Сон, и младиот Канг Ли.
До тепачката дошло кога младиот напаѓач на ПСЖ, Канг Ли, порано ја завршил тимската вечера и станал од масата за да игра пинг-понг. Тоа го налутило Сон, кој бурно реагирал и по вербалната расправија дошло и до физичка пресметка, во која напаѓачот на Тотенхем го повредил прстот на раката.
По тепачката, Сон и уште неколку повозрасни репрезентативци побарале од селекторот Јирген Клинсман да го изостави Ли од дуелот со Јордан, но Германецот не ги послушал.