Откриени детали од договорот: Анчелоти ќе биде убедливо најплатениот селектор во светот

Веќе и официјално е познато дека Карло Анчелоти ќе биде новиот селектор на Бразил. Неговиот договор со Реал Мадрид истекуваше следното лето, но тренерот и клубот се договорија за предвремен раскин, откако „кралевите“ беа поразени со 4-3 од Барселона, а со тоа остануваат и без трофејот од Ла Лига.

Италијанецот ќе го преземе кормилото на Бразил на 26-ти мај, само ден по завршувањето на шпанското првенство, а првичниот договор ќе биде со важност до Светското првенство во САД, Мексико и Канада, кое ќе се одржи следната година.

Бразилските медиуми веќе ги открија и деталите од договорот на Карло Анчелоти и Фудбалскиот сојуз на Бразил. Според нив, Италијанецот ќе биде убедливо најплатениот селектор во светот со месечна плата од 770.000 евра, односно 9.2 милиони евра годишно. Тоа е за двојно повеќе од претходните селектори на Бразил, но и далеку повеќе од селекторот на Англија, Томас Тухел, кој со плата од шест милиони евра беше најплатен селектор во светот.

- Оглас -

Најнови вести