Oткриени детали од кобната несреќа во која животот го загуби синот на Балак

Семејството на Михаел Балак, легендарниот германски ексфудбалер, тагува по трагедијата во која неговиот 18-годишен син Емилијо го загуби животот.

Несреќата се случила додека тие биле на одмор во семејната куќа во Троија, Португалија, додека доцна во ноќта се забавувал возејќи мотоцикл на четири тркала. Емилијо загубил контрола возејќи го адреналиснкото возило, паднал од истото, а мотоциклот се превртел врз него.

Според информациите на повеќе медиуми, Емилијо починал на лице место, иако брзата помош веднаш пристигнала на местото на несреќата. Прва која ја забележала несреќата била неговата баба и повикала помош, но веќе било доцна.

Целата фудбалска јавност вчера и денес испаќа поддршка до Балак и неговите најблиски, на кои им е најтешко во овие моменти.

- Оглас -

Најнови вести