Барселона пред два дена официјално го претстави своето ново засилување, Ориол Ромеу од Жирона. Фудбалерот кој потекнува од академијата на “каталонците“ после 12 години се враќа на “Ноу Камп“ и конечно ќе може да си го оствари детскиот сон.
Ромеу во 2011-тата забележа два настапи за првата екипа, но никогаш не беше првотимец на Барселона. Вредноста на трансферот од Жирона во Барселона изнесуваше 5 милиони евра, а 1.1 милиони евра ги плати самиот фудбалер, се со цел да може “каталонците“ да го регистрираат според правилата за фер-плеј. Тој со Барселона потпиша договор до 2026-тата година со откупна клаузула од 400 милиони евра.
Сепак, тоа не е се што направи фудбалерот. Ромеу се откажа и од дел од платата, а и она што ќе го заработува ќе биде по основ на бонуси. Дури и неговиот менаџер се откажа од дел од парите за да може неговиот клиент да го оствари сонот и да заигра за Барселона.