8.8 C
Skopje
вторник, 17 февруари 2026

Откриени деталите зошто Роналдо се скара со Тен Хаг и зошто си замина од Манчестер јунајтед

Англискиот тренер Стив Мекларен откри дека Кристијано Роналдо не сакал да ги исполнува тактичките замисли на тренерот Ерик тен Хаг во Манчестер јунајтед и затоа ѕвездата си заминала од „Олд Трафорд“ во декември 2022 година.

Тен Хаг имал план неговиот тим да прави пресинг на противниците по целиот терен, но Роналдо едноставно не сакал да игра во толку жестоко темпо. Затоа Роналдо реши да си замине од Манчестер јунајтед, и тоа по заеднички раскин на договорот.

„Немам почитување кон него затоа што тој не покажа почитување кон мене. Ако немаш почитување кон мене, јас никогаш нема да имам почитување кон тебе“, рече тогаш Роналдо за односите со Тен Хаг.

Потоа Португалецот повторно имаше негативен став кон холандскиот стратег.

„Како тренер на Манчестер јунајтед не можеш да кажеш дека нема да се бориш да ја освоиш титулата во првенството или во Лигата на шампионите. Можеби може да кажеш дека го немаме тој потенцијал, но дека ќе се обидеме, мора да се обидеме“, велеше Роналдо.

Сега Мекларен, кој работеше како помошник на Хен Хаг во тој период, открива што точно се случило.

„На тој тренинг имаше многу борба. Постојано имаше барања од Тен Хаг до Роналдо. Му велеше сè што сакам да направиш е да бидеш прв во пресингот, да направиш еден, два спринта, можеби и трет спринт ако почувствуваш дека можеш. Потоа треба да се вратиш на средина во случај да ја освоиме топката. Тоа е сè што треба да правиш. Ако тоа не можеш да го правиш, нема да играш“, открива Мекларен.

- Оглас -

Најнови вести