26.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Откриени нови детали во истрагата за смртта на Коби Брајант

По речиси четири месеци од страшната хеликоптерска несреќа во која загина еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант, истрагата уште трае и собира докази. Брајант заедно со неговата ќерка Џиџи и уште шестмина патници, плус пилотот, загинаа откако хеликоптерот се сруши во близина на Лос Анџелес.

Во извештајот кој е направен на 180 страници, детално е направена анализата за местото на несреќата, но уште не се знае која е причината за падот на леталото. Заклучокот кој го има по овој извештај е дека сите девет луѓе кои биле во хеликоптерот доживеале тапа траума по рушењето во брдото, а потоа загинале како последица од експлозијата која се случила непосредно по падот. Едноставно никој немал шанси да се спаси.

Потврдено е дека пилотот Ара Зобајан не бил под дејство на алкохол, ниту на опојни дроги. Истрагата ќе продолжи за да се соберат докази за тоа која е причината за несреќата во коај загина легендарниот Коби Брајант.

 

- Оглас -

Најнови вести