Откриени плановите на Чави: Левандовски бил ставен на трансфер листа?!

Чави Ернандес веќе не е тренер на Барселона, откако изненадувачки дојде до разделба со „каталонците“. Тренерот сам најави дека ќе оди уште зимата, па следуваше убедување од раководството, па Чави ја смени одлуката, за на крајот Лапорта да му врачи отказ поради коментарите во јавноста за финансиската состојба во клубот.

Сега каталонскиот весник „Спорт“ објавува дека Чави Ернандес летово планирал голема реконструкција, која би ги вклучила и големите ѕвезди, се со цел да се направи простор за нови фудбалери. Еден од оние што требало да го напуштат „Камп ноу“ е и Роберт Левандовски, но сега неговата ситуација се менува, па сигурно останува, бидејќи имаше одлична соработка во Баерн Минхен со наследникот на Чави, германецот Ханси Флик.

- Оглас -

Најнови вести