Откриено е каква болест го мачи Новак Ѓоковиќ!

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, кој денеска ја почнува 367-мата недела како број 1 на АТП-листата, по поразот од Андреј Рубљов на „Србија опен“, изјави дека имал проблем со „нешто што е поврзано со болест“ и дека тоа го исцрпува.

Ѓоковиќ се надева дека до „Ролан Гарос“, кој почнува во втората половина на мај, ќе се врати во форма, но српските медиуми истражуваа каква болест го мачи Новак.

„Според некои информации, станува збор за вирус кој трае околу седум дена, а во некои случаи и повеќе. Вирусот предизвикува висока температура која го исцрпува телото и чувството е како некој да ве исцедил. Многу тенисери го имаа овој вирус во последно време, а враќањето во форма кај Новак е потешко бидејќи имаше и пауза“, објавија на порталот „Нова С“.

- Оглас -

Најнови вести