5.8 C
Skopje
среда, 18 февруари 2026

Откриено е кои се зборовите поради кои Винисиус го напушти теренот во Лисабон

Реал Мадрид минимално со 1:0 ја победи Бенфика во Лисабон и обезбеди капитална предност пред реваншот кој Кралскиот клуб ќе го игра на свој терен. Покрај прекрасниот погодок на Винисиус јуниор, кој се покажа како единствен и доволен за триумф, мечот во Лисабон го одбележа и скандалот кој се случи веднаш по постигнувањето на погодокот.

Винисиус прослави провокативно кон домашните навивачи, а на провокација падна и играчот на Бенфика, Престијани. Тој го подигна дресот преку устата и му дофрли нешто на Винисиус, по што Бразилецот збесна.

Фудбалот на Реал Мадрид го напушти теренот, судијата покажа дека дава знак за протоколот против расизам на фудбалските терени и имаше прекин од 10-тина минути. Подоцна мечот продолжи, а според шпекулациите, Престијани на Винисиус му дофрлил велејќи му „мајмун“. Целата таа ситуација може да ја видите на ЛИНКОТ.

Мечот во Лисабон заврши, а сега се очекува расплетот од „третото полувреме“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести