Управата на Барселона на чело со претседателот Жоан Лапорта, веќе неколку месеци тајно работи на враќање на Лионел Меси на „Камп Ноу“.
Првиот чекор кој Лапорта го направи е барањето од Ла Лига да им изврши ревизија на финансиското работење на Барселона и да им дозволи да регистрираат нови играчи, по што ќе тргне во офанзива по потписот со Меси.
Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Меси ако се врати во Барселона, ќе добие плата од 25 милиони евра бруто, а ќе му биде понуден договор на една плус една година и ќе му остави можност на Аргентинецот да го раскине договорот по првата сезона.