9.8 C
Skopje
четврток, 26 февруари 2026

Откриено е од каде Мурињо го гледаше мечот и даваше инструкции, го немаше во ложата

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, беше суспендиран по првиот натпревар и не можеше да го предводи тимот во реваншот против Реал Мадрид.

Реал му подготви место (радиокабина) на Мурињо во новинарската ложа на „Бернабеу“, на истото седиште на кое беше и Ханси Флик кога Барселона му гостуваше на Кралскиот клуб.

Околу 30-тина новинари трпеливо чекаа во ходник што води до кабината на осмиот кат од стадионот, но португалскиот тренер не се појави. Нормално, многумина се прашуваа каде е и од каде дава инструкции.

Ни неговиот помошник Жоао Траљао не сакаше да открие каде бил Мурињо, но шпанските медиуми објавија дека Жозе го гледал натпреварот од клупскиот автобус, кој бил паркиран на паркингот на стадионот.

- Оглас -

Најнови вести