Откриено е зошто мајката на Пике јавно ја понижи ѝ и се закануваше на Шакира, сега сите се на страната на пејачката (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео кое открива колку бил лош односот меѓу Шакира и мајката на Жерар Пике, Монтсерат, која дури во јавноста, на црвениот тепих, ја малтретираше ѝ и се закануваше на пејачката.

Иако медиумите вината ја бараа кај Шакира, со појавувањето на видеото на социјалните мрежи, фановите и медиумите застанаа на страната на пејачката.

На видеото се гледа како Монтсерат во еден момент ја фатила пејачката за лицето и во тие моменти низ заби и се заканила на Шакира со зборовите:
„Мораш да ја затвориш устата“.

Додека Монтсерат и Шакира се расправале, Пике стоел на страна и не направил ништо за да ги смири тензиите.

Причината за заканите на Монтсерат била тоа што на неа и на Пике не им се допаднал стајлингот на Шакира на црвениот тепих за време на гала свеченост во Барселона.

„Замислете си некој да се осуди да ве фати вака за главата пред сите. Пике кој не реагира е срам за сите мажи. Од каде оваа жена си зема за право вака да се однесува со Шакира. Со недели глуми светица, а сега со нападот на Шакира го покажа вистинското лице. Којзнае колку време Шакира била тормозена од оваа жена“, се најчестите коментари на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести