Откриено е зошто Саудијците свиреа за време на минута молкот за Франц Бекенбауер

Пред почетокот на полуфиналето од Суперкупот меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид на стадионот во Ријад, Саудиска Арабија, фудбалерите застанаа за да одадат почит со минута молк за Франц Бекенбауер, кој неодамна почина.

Германската фудбалска легенда беше почитуван низ целиот свет, па затоа зачудувачки делуваше реакцијата на дел од публиката на трибините кои почнаа да свират за време на минутата молк.

Шпанските медиуми, односно Cadena SER, открива дека по мечот добиле објаснување од неколку неименувани локални новинари кои дале објаснување за ваквото скандалозно однесување на дел од гледачите.

„Тоа нема никаква врска со Бекенбауер, туку со културолошкото прашање. Тоа е прашање на обичај или традиција во Саудиска Арабија. Сите негодуваат кога тука има минута молк“, било објаснувањето.

Без разлика на ваквото објаснување, сигурно нема никакво оправдување за однесувањето на публиката и непочитувањето кон еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести