Тамара Савичевиќ, ќерката на легендарниот фудбалер Дејан Савичевиќ, се венчаше минатиот викенд и направи свадба, а зачудувачки, на прославата го немаше нејзиниот татко. Познато е дека Дејо и Тамара се блиски, па затоа се бараше причината зошто претседателот на Црногорската федерација не дојде на свадба.
Одговорот лежи во недоразбирањата на Тамара со нејзината маќеа. Јелена Бабиќ, која му е девојка на Савичевиќ, не зборува со ќерката на Дејан која е од друга мајка. Затоа невестата рекла дека таа не е добредојдена на свадбата, па Дејан на барањето одговорил дека во таков случај ниту тој нема да присуствува.