Веројатно малкумина знаат дека Килијан Мбапе имал уште едно презиме, кое официјално го отстранил пред седум години. Неговото второ презиме е Лотин, кое е многу често во Камерун, земјата од каде потекнува неговиот татко, Вилфред. Не е позната причината зошто Килијан се одлучил на таков потег.
Мбапе презимето официјално го отстранил пред да потпише за ПСЖ. Францускиот интернационалец во својата кариера постигна повеќе од 300 гола и со оглед на тоа дека има само 25 години, сосема извесно е дека во блиска иднина ќе ја освои Златната топка, а од следната сезона ќе настапува за Реал Мадрид.